Прашината околу новиот водител на ” Икс фактор Адриа” , црногорскиот актер Славко Калезиќ кој ја водеше првата полуфинална вечер на музичкото шоу никако не стивнува, пренесуваат српските медиуми…

slavko-kalezic1Младиот актер, пејач и еден од натпреварувачите во шоуто, кој доби можност да го води овој музички спектакл, веднаш се најде на столбот на срамот поради својот нов агажман, и доби голем број негативни коментари и навреди на социјалните мрежи, и поради тоа ќе биде заменет во следната епизода на „Икс фактор“.

Сепак Славко смета дека не бил толку лош во улогата на водител и порачува дека луѓето му се љубоморни.

– Пресреќен сум и ниту еден коментар не можетоа да го уништи. Јас сум актер, и на тоа гледам од психолошки аспект. Луѓето всушност се воодушевени како ја завршив работата како водител и своето воодушевување го прикажуваат со негативните коментари. Така зборуваат бидејќи сакаат да бидат намое место. И Мајли Сајрус добива повеќе негативни од позитивни коментари. Жал ми е што никој не ме пофали дека зборувам на литературен јазик. Со тоа продукцијата на шоуто ја одважи Црна гора. Инаку тие се горди на мене, а од Подгорица добив многу комплименти – изјавил славко за српски „Ало“.

Иако Кнежевиќ тврди дека од продуцијата на „Икс фактор“ се воодушеени од неговата водителска умешност, српските весници пишуваат дека луѓето од шоуто се разочарани од него и дека следната полуфинална вечер ќе ја води Влада Станојевиќ

Славко изјавил дека не му било соопштено такво нешто и доколку биде заменет ќе му честита на својот заменик.

Од продукцијата се уште не потврдиле дека ќе го менуваат водителот, а како ќе се разреши оваа драма останува да видиме во следната епизода на „Икс фактор“.