
ВМРО-ДПМНЕ го објави логото на партијата за престојната конвенција на која ќе се избира кандидат за претседатеската трка во април…
Логото кое денеска го промовираше партијата за конвенцијата на 1-ви март ќе гласи „Изборот е Македонија“. Од партијата ја објаснуваат пораката и логото за конвенцијата која ќе се одржи на 1 март.
„Претседателските избори се важни затоа што избираме човек кој ќе ја претставува државата и ќе го застапува секој еден граѓанин. На Македонија и треба човек кој ќе биде стожер на стабилноста, цвртст и одлучен чувар на нејзиниот суверенитет и интегритет. Разумен во своите одлуки и промотор на заедничките вредности. Амбасадор на нејзината традиција и култура. Само човек кој што го познава својот народ, само човек кој што ги познава луѓето во својата земја, може да биде претседател. ВМРО-ДПМНЕ избира токму таков човек, човек кој ќе ги застапува граѓаните и ќе ја промовира државата! Човек кому изборот секогаш ќе му биде Македонија и нејзините граѓани!“- се вели во соопштението на партијата.