
Цвеклото е најдобриот избор на зеленчук кога станува збор за зимскиот период…
Тоа ја поттикнува работата на метаболизмот и ги подобрува функциите на црниот дроб. Изобилува со витамин Ц, витамин Б1 и витамин Б2, калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур и јод.
Овој зеленчук е најдобро средтсво за ревитализација на организмот, позитивно влијае врз кожата, ги зајакнува коските и ги елиминира отровните материи од организмот. Освен тоа, цвеклото го поттикнува создавањето на црвените крвни зрнца, а позитивно влијае и врз косата и ноктите.
Сето ова е доволна причина да вклучите цвеклото во својата исхрана, без разлика дали ќе се одлучите да го консумирате како салата или пак ќе пиете природен сок од цвекло.