
Веќе е познато дека децата кои поминуваат многу време пред телевизор имаат значително поголем крвен притисок и поголема тежина, меѓутоа, една студија покажува дека децата кои играат видео игри на компјутер се поздрави од оние кои гледаат телевизија.
Истражувачите анкетирале илјада ученици од Мичиген, еден од најнездравите региони во САД, во врска со времето што го поминуваат пред екран, грицкање нездрава храна и воопшто изборот на намирници додека гледаат телевизија или играат игри.
На децата потоа им биле измерени крвниот притисок, холестеролот, висината и тежината. Потоа биле поделени во три групи: оние кои поминуваат малку време пред телевизор, оние кои поминуваат многу време пред телевизор и оние кои поминуваат многу време играјќи видео игри на компјутер.
Резултатите покажале дека групата што гледала телевизија имала значително полош избор на намирници, а нивниот фокус бил на храна со висок процент на масти и калории.
Учениците кои играле игрици имале значително поздрави прехранбени навики. Причината за ова експертите ја гледаат во тоа што лицата пред телевизор се изложени на реклами кои промовираат нездрава храна, а при гледањето телевизија нивните раце се слободни и цело време можат да ги користат за јадење.
Извор: GSM.mk