
Исхраната сиромашна со протеини, според сознанијата на нутриционистите, буди глад и предизвикува желба за нездрави грицки кои дебелеат…
Кога почесто и повеќе би јаделе месо, риба, јајца и лешници не би имале чувство на празен стомак.
Луѓето чиишто оброци содржат 10 отсто протеини, внесуваат дневно 260 калории повеќе од оние кои консумираат оброци со 15 отсто протеини. Овие лица внесуваат над 70 отсто дополнителни калории преку нездравите грицки.
Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ спровеле истражување во кое учествувале испитаници со нормална тежина, на возраст од 18-51 година.
Учесниците одредено време живееле и јаделе во склоп на универзитетот. Иако исхраната, на прв поглед, изгледала еднакво за сите, се разликувал процентот на внесените протеини. Со помош на оваа метода е откриено дека протеините се многу важни за одржувањето на нормалната телесна тежина.
Извор: Plusinfo.mk