Со повеќе од 170 илјади блокирани сметки заврши економската 2013 та година.

plakanje-smetki-550x272

Според податоците на Народната Банка, во декември, последниот месец од 2013 та година, имало 175 599 блокирани сметки, и тоа скоро 112 илјади биле сметки на физички лица и 63 667 биле сметки на правни лица, односно на фирми. Во споредба со 2012 вкупната бројка на блокирани сметки е зголемена за нешто повеќе од 30 илјади.

   Број на блокирани сметки

                                                      2013 та                    2012 та

Физички лица                              111 932                    83 835
Правни лица                                  63 667                     61 515

Во исто време, статистиката на НБРМ регистрираше драматичен пораст и на бројот на блокирани граѓани и на фирми во 2013 та година. Во декември под блокада биле скоро 41 000 граѓани и 41 069 фирми. Само за една година, или од декември 2011 та, бројката на блокирани граѓани е зголемена за нови 11 илјади, а на фирмите за нови 1233 новоблокирани. Овие бројки упатуваат на тоа дека растот на блокадите лани бил генериран главно од блокадите на граѓаните, што според економистите упатува на тоа дека се влошувала финансиска кондиција на населението.

Станува збор за блокади по основ на конечни и извршни судски решенија за непродмирени долгови кон државата, банките, меѓу фимите. Неодамна и од Комората на извршители потврдија дека во годината што измина значајно е зголемен бројот на предмети за присилно извршување, особено кај населението, Како една од непопуларните, но применливи мерки што ги превземаат извршителите е токму блокадата на банкарските сметки.

Извор: Faktor.mk