
И додека повеќето доделувања на награди кои се организараат во овој период ги слават добрите филмски остварувања, доделувањето на непопуларната филмска награда „Златна малина“ го прави спротивното…
На врвот на листата за најлоши филмски остварувања за 2013 година се најде филмот „Grown ups 2“ кој има номинации во девет категории, вклучувајќи ја номинацијата за најлоша споредна улога за која е номиниран Тејлор Лаунтер и за најлоша главна улога за која е номиниран комичарот Адам Сендлер.
Меѓу номинираните се нашол и актерот Џони Деп и тоа за филмот „The lone ranger“. Голема шанса да ја добијат статуетка од „Златна малина“ имаат филмовите „The Lone Ranger“, „A Madea Christmas“, „After Earth“ и „Movie 43“.
Интересно е дека и актерот Ештон Качер за улогата во филмот „Jobs“ и Наоми Вотс за улога во филмот „Diana“ ќе имаат шанси да добијат награда на доделувањето кое ќе се одржи на 1.март, ден пред доделувањето на „Оскарите“.
Извор: Plusinfo.mk