
Пријавениот украл од неговата пријателка виза електронска картичка при што во повеќе наврати неовластено ја користел на банкомати во Делчево…
Полициската станица Делчево поднесе кривична пријава против Г.И.(35) од Македонска Каменица, за сторено кривично дело „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 01.10.2013 до 24.01.2014 година, во Делчево, пријавениот украл од неговата пријателка виза електронска картичка при што во повеќе наврати неовластено ја користел и од банкомати во Делчево подигнал 56.100 денари и провизија на истите 1.167 денари.
Извор: Sky.mk