Во недела 23.02.2014 година во Делчево ке се одбележи 70 годишнината од Февруарскиот поход во 1944 година…

fevruarski_pohod_baner

Во рамки на програмата за одбележување на Февруарскиот поход ке се реализира планинарски марш “Делчево-Голак 2014” со неколку придружни настани и активности .

 Агендата за одбележувањето во Делчево на овој значаен историски настан е следна:

Capture

Февруарскиот поход е една од најзначајните воено-тактички операции за време на НОВ во втората светска војна, која допринела за успешен исход на борбените операции и дејствија од страна на Генералштабот на ПОМ на територијата на Македонија.

Со Февруарскиот поход особено во т.н. Пролетна офанзива биле создадени поголеми географски целини на ослободени територии, по што созреале условите за свикување на Првото заседание на АСНОМ.

Општина Делчево активно е вклучена во одбележувањето на овој настан, кој што се одбележува низ речиси цела држава, соодветно.