
Патниците на авионската компанија British Airways беа евакуирани, откако салонот на авионот се исполни со густ гас, минути пред да слета, соопштија британските новинарски агенции.
Авионската компанија го потврди инцидентот на лет ВА422, кој излетал од Лондон во 15:10ч со крајна дестинација Валенсија. Поради извонредна ситуација сите 175 патника и 8 членови на екипажот биле евакуирани од авионот веднаш по слетувањето во Валенсија.
Патниците биле приморани да го напушта авионот преку излезите за итни случаи. Еден од патниците го споредува инцидентот како вистински пекол од кој незнаел дали ќе излезе жив.
Од компанијата потврдија дека авионот имал технички проблем кога се приближил кон Валенсија. Екипажот бил од голема корист, бидејќи веднаш започнале да делат кислородни маски и да ги насочуваат патниците, велат дел од патниците.