
Фудбалската репрезентација на Македонија годината ја започнува од 84-то место на ранг листата на ФИФА, што е пад за едно место од минатомесечното рангирање на ФИФА.
На листата која беше објавена денеска „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 84 место со вкупно 425 поени. Пред нас се селекциите на Јамајка и Белорусија, додека малку полошо рангирани се Конго, Габон и Уганда.
На ФИФА листата нема никакви промени меѓу најдобрите 30 светски репрезентации, листата ја предводи Шпанија, а зад неа се Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил.
Извор: Sportski.mk