
Временската прогноза за утре ни најавува вистинска пролет и тоа со температури до 24 степени…
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од западен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 18 до 24 степени. Во Скопје слично време, со утринска температура до четири и дневна до 22 степени.
Следува период на претежно сончево и топло време. Умерен северен ветер и благ пад на температурата се очекува во четврток и ќе се движи во интервалот од 16 до 21 степен.
И во Делчево се очекува слично време со температура до 19 степени.