Опозициската СДСМ денеска ја презентираше изборната програма за периодот 2014-2018 година, „Промени за нов почеток“ под мотото „Да ја вратиме средната класа“…

10171144_734111076620247_6872673280552331173_n

Програмата се темели на три столба – „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“.
„Новиот, реорганизиран и обединет СДСМ има енергија, идеи и тим да ги спроведе промените. Програмата на СДСМ за подобар и поквалитетен живот е нов лист во пристапот кон решавање на проблемите и ќе донес нов почеток за Македонија.

Откако стана јасно дека предвремени парламентарни избори ќе има, оваа програма ја прилагодивме во изборна со која СДСМ ја бара довербата на граѓаните на Република Македонија“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според партијата, мерките од програмата произлегле од разговорите со луѓето од сите краишта на Македонија, а во изготвувањето учествувале над 500 домашни и странски експерти. Радмила Шекеринска, заменик-претседател на СДСМ, рече дека ако СДСМ дојде на власт ќе го спроведе пописот на населението и домаќинствата и во првите 100 дена ќе каже колку должи државата.

Дел од промените што ги нуди СДСМ се реформи во предучилишното,средното стручно и во високото образование, мерки за добри услови за учење, мотивиран кадар, квалитетни програми, поливалентни вакцини за децата, изградба на студентски град во Скопје и реновирање на постојните студентски домови, поголеми плати за здравствените работници.