Фото

Пред претстојниот изборен молк денес со завршна прес конференција излегоа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево. Ова се избори кога бираме меѓу оние кои ветија 500 евра плата, оние кои го променија уставното име на државата, оние кои го направија најголемиот непотизам во Република Македонија. Другиот кандидат е Гордана Силјановска Давкова која ќе донесе правда во Македонија.

Македонија е на нозе, Македонија победува, ајде сите заедно масовно да дадеме придонес кон победата, вели претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Горанчо Тодоровски.

Во продолжение видео од завршното обраќање од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Горанчо Тодоровски.