
Дупка длабока девет метри се отворила ненадејно во градот Хај Вајкомб во Велика Британија, а со оглед што на тоа место бил паркиран автомобил, таа буквално го проголтала, јавува „Би-би-си“…
За среќа во тој момент никој не се наоѓал во автомобилот. Фил Конран татко на сопственичката на возилотот од марката „Фолксваген Лупо“, Зои Смит, изјавил дека чул врисок од неговата ќерка која извикувала : „Мојот автомобил, мојот автомобил повеќе го нема.“
Зои возилото го паркирала пред куќата ноќта пред да се случи несреќата, а утрото кога се разбудила, на тоа место го немало автомобилот, туку имало само длабока дупка, објавил „Бак прес“.
Семејството Конран било евакуирано од куќата, а локалните власти истражуваат, зошто се отворила дупка на тоа подрачје.