Додека некои елементи и јога-пози се одлични за релаксација, медитација или истегнување, некои пози се одлични за да ве доведат во форма, да го согорат вишокот маснотии и да го обликуваат вашето тело…

joga-masti

Овие вежби повторувајте ги четири пати неделно. Повторете ги сите пози по ред, прво на десната страна на телото, а потоа и на левата. Секоја поза задржете ја со десет вдишувања. Тогаш серијата повторете ја задржувајќи ја секоја поза со едно вдишување. Повторете ја со вкупно шест кратки сетови. Конечно за крај, повторете сет по сет до десет вдишувања менувајќи ја страната на телото…

Куче со лице надолу со шпага

Тргнете во позиција на склек, кренете ги колковите и заземете ја позата куче со лицето надолу, држејќи ги нозете испружени, а стапалата на земјата. Кренете ја испружената десна нога, а десното стапало задржете го во иста положба, односно замислете дека стапалото го притискате на ѕидот зад вас. Ова е основна поза од која ги почнувате сите следни пози.

Полуврана

Од позата куче со лицето надолу спуштете ја десната нога, свиткајте го коленото од надворешната страна со десната рака, додека истовремено ги кревате градите и ја префрлате тежината напред на рацете. Ова направете го со бавни контролирани движења. Направете ја вежбата потешка. Рамената придвижете ги нанапред во рамнина со дланките, свиткајте ги лактите и обидете се левата нога да ја кренете од земјата и така да се задржите.

Колено до чело

Од позата куче пополека спуштајте ја свитканата десна нога, додека ги кревате стомакот и колковите. Коленото принесете го до челото држејќи ги прстите на стапалото испружени, а стомачните и градните мускули затегнати. Брадата стиснете ја кон градите и растегнете го долниот дел од грбот и рамената.