Денеска е последниот рок екипите кои се натпреваруваат во Третата фудбалска лига –Исток да ги уплатат парите потребни за котизација за настап во лигата.
Токму поради неплатената котизација беше одложен пролетниот дел од првенството. До вчера покрај екипите на Брегалница од Делчево, Беласиа ,Каменица Саса и Работник-Здравје радово, котизацијата на уплатија и екипите на Слога 1934, Осогово, Работник ,Плачковица, и Чешиново.
Тоа значи дека 9 екипи имаат право на настап.Тоа што сите ги зачудува е односот на штипските екипи Баби, Астибо, Карбинци, екипата на Рудар и Тркања, кои ги немаат уплатено котизациите.Рааководството на Третата лига најавува дека тие што не платиле нема да настапуваат ,а првенството ќе биде завршено со 9 екипи, или со онолу тимови колку што уплатиле котизација.
Повеќе за ова на Тв Стар