New 10-euro banknotes are pictured during their presentation at the Austrian national bank in Vienna

Новата банкнота од 10 евра ќе биде потешка за фалсификување, ќе има подолг век на траење, а за нејзината изработка ќе се користи подобра технологија.

Европската централна банка денеска објави како ќе изгледа новата банкнота во апоен од 10 евра, која ќе биде пуштена во оптек на 23 септември 2014 година.

Европската централна банка минатата година почна со замена на банкнотите во апоени од пет евра. Сега на ред се банкнотите од 10 евра, а подоцна ќе се заменуваат и оние во апоени од 20, 50, 100, 200 и 500 евра.

ЕЦБ новите банкноти ги нарече „Серија Европа“ бидејќи го носат ликот на Европа од грчката митологија, по која Стариот континент и го добил името. Се работи за вазна стара повеќе од 2.000 години од југот на Италија. Таа вазна од една страна се појавува како воден жиг, а на другата како холограмска лента.

Извор: Faktor.mk