Кога станува збор за задниците, жените одлучиле дека што повеќе се поголеми тоа е подобро…

996357-keli

Се повеќе ги има оние дами кои сакаат да имаат облини како Ким Кардашијан, поради што одат на операција за префрлање на маснотиите во задникот.

Како што велат од приватната клиника „Харли Стрит“ во Лондон, бројот на жени кои се одлучиле на овој хируршки зафат, во последната година се зголемил за три пати.Постапката за зголемување на задникот подразбира вбризгување на маснотии земени од некој друг дел на телото и се вметнуваат во задникот.

Маснотијата најчесто се зема од проблематичните делови на телото, онаму каде маснотиите најлесно се задржуваат, како на пример на стомакот.

Покрај Ким Кардашијан, задник каков што многу жени посакуваат има и британската манекенка Кели Брук и поп-ѕвездата Ријана покажува едно истражување. На естетскиот зафат на зголемување на задникот, воглавно се одлучуваат жени кои сметаат дека задникот со текот на годините им се опуштил, но и оние дами кои сакаат поголем и поистакната задник.

Извор: Plusinfo.mk