Пред седиштето на компанијата Yahoo, Џеј Роситер даде соопштение во кое се вели дека хакери успеале да добијат пристап до Yahoo кориснички профили, во брзо-координиран хакерски напад…

yahoo-mail-01904d16

Од компанијата соопштија дека хакерите успеале да добијат пристап до профилите преку „third-party“ податочен систем, а не директно преку нивните Yahoo сервиси. Тие ги ресетирале лозинките на сите корисници кои биле опфатени со нападот, а на истите им било испратена и СМС порака за предупредување.

По овој напад од компанијата соопштија дека се преземени дополнителни мерки за заштита на информациите на корисниците, како и за заштита на самиот систем. Сепак од компанијата не сооштија колку изнесува бројката на хакирани кориснички профили.

Овој сервис е втор по употреба како сервис за размена на електронска пошта веднаш по Gmail. Yahoo има околу 273 милиони корисници, од кои 81 се од САД. Во последните неколку месеци хакерските напади станаа се почеста појава, а покрај Yahoo нападнати беа и Adobe, Evernote, LivingSocial, итн.