Да започнеме реално и да бидеме брутално искрени – во конкуренција со Galaxy S4 и Nexus 5, ретко кој се одлучува да му даде шанса на Sony Xperia Z1 Compact. Тоа е голема грешка…

sony_xperia_z

Sony дефинитивно има свои подеми и падови во светот на мобилната технологија, но по краткото дружење со Xperia Z1 Compact, можеме да видиме дека јапонскиот гигант полека, но сигурно, се враќа на врвот. Z1 е најновиот модел од највисоката класа на Sony, кој ни беше отстапен за тестирање од страна на Ледиком.

Она што веднаш ќе го забележите кај овој телефон е високиот квалитет на изработка. Sony отсекогаш се карактеризирале со одлични уреди, но квалитетот на Xperia Z1 Compact се чуствува уште при првото работење со него. Куќиштето има одличен изглед, телефонот е супер „скоцкан“ и одлично лежи во рака.

Компактната верзија ви нуди 4,3 инчен екран со HD резолуција, за разлика од оригиналниот Z1, кој нудеше 5 инчен екран што и не беше баш практичен за употреба. Она што го разликува Z1 Compact од останатите „мини“ верзии на популарните телефони е што освен големината на екранот, не се намалени перформансите на уредот!

Повторно го добивате моментално најмоќниот процесор на пазарот, Snapdragon 800, заедно со 2GB RAM и Adreno 330 графички процесор, идентично како кај поголемата верзија. Процесорот со 4 јадра си ја врши одлично својата работа, така што може да заборавите на лаг или пак проблеми со одредени апликации. Корисничкото искуство е одлично, токму како што се очекува од Sony!

Постои уште една работа која ни се допаѓа кај овој уред, а тоа е неговиот авантуристички дух. Z1 Compact е отпорен на вода, така што ќе нема проблеми доколку се намокри, за разлика од многу други телефони. Ова ви дава слобода да го носите телефонот секаде со вас и да фаќате убави моменти со неверојатната камера од 20,7 мегапиксели. И на нас не ни се веруваше, но камерата овозможува висококвалитетни слики и видеа. Впрочем, станува збор за Sony, кои ретко разочаруваат на ова поле! :)

Целосни спецификации на Sony Xperia Z1 Compact

Новиот телефон на Sony не импресионираше со неговата моќност, како и способност да не следи во секакви ситуации. Камерата е нешто што дефинитивно морате да го испробате, сликите се како од дигитален фото-апарат.

Sony Xperia Z1 Compact веќе е достапен во Македонија преку продавницата за мобилни телефони Ледиком, по цена од 469 евра. Побрзајте, бидејќи количините во Ледиком беа ограничени, а интересот беше навистина голем! :)

Извор: GSM.mk