Компанијата која е претежно позната по луксузните часовници и наочари за сонце, исто така планира да започне активно да произведува луксузна линија на мобилни телефони, направени од премиум материјали и со иновативни функции.

tag_hauer_casovnik

Новиот телефон на компанијата, наречен Meridiist Infinite, користи соларна енергија за да се полни самиот додека го користите. Ова може да го направи со помош на фотоволтаичните ќелии кои се вградени во него, а може да апсорбира сончева светлина или вештачка светлина. Со тоа, времето на standby се проценува на „бесконечно“.

Останатите технички спецификации не се премногу импресивни – 2,4 инчен LCD екран со резолуција од 320 x 240 пиксели, втор екран за прикажување на дополнителни информации, 5 мегапикселна задна камера и простор за складирање на податоци од 8 гигабајти.

Она што е ексклузивно за овој телефон е што ќе биде направен од титаниум и карбон, ќе бидат произведени само 1,911 модели и цената ќе се движи од 5,000 долари па нагоре…

Извор: GSM.mk