
Cell Buddy е компанија основа во Израел во 2011 година. Нивната област на истражување и инспирација е патувањето во различни земји и мобилната комуникација заедно со трошоците што ги предизвикува…
Поточно, тие развиваат посебен вид на SIM картичка која што треба да овозможи разговори по локални цени во било која земја, се разбира чии што оператори се дел од овој проект.
Моментално кога патувате во странство, вие сеуште можете да го користите вашиот мобилен телефон, да правите и примате повици, да праќате и примате пораки и да користите интернет. Меѓутоа сето тоа го правите како корисник на вашиот оператор во вашата земја, односно преку роаминг услугата, а цените за користењето на мобилниот телефон не се баш ниски, посебно за мобилниот интернет.
Cell Buddy развиваат систем преку кој што користејќи нивна SIM картичка која што е поврзана на нивниот сервер, кога одите во друга земја картичката добива статус на локална SIM картичка, односно исто како да ја имате купено во таа земја.
Прочитајте повеќе за овој проект на Think.mk!