Од денес, Samsung Galaxy S5 е достапен во најголемиот мобилен центар во Јужна Кореа, SK Telecom. Проблемот што е појави е тоа што според планирањата на Samsung, новиот GS5 требал да биде пуштен во продажба по 11-ти април, две недели подоцна…

galaxy_s5

Samsung се збунети поради потегот на Sk Telecom, но потврдуваат дека официјалното лансирање на Galaxy S5 е како што било планирано, односно на 11ти април.

Други корејски мобилни центри, како што се LG Uplus Corp. и KT Corp. исто така планираат порано почнување со продажба на овој нов модел. Причината за ова е 45 дневната забрана за стекнување нови корисници, наметната од страна на корејската влада како резултат од илегални субвенции.

“Одлучивме да го пуштиме овој производ во продажба порано за нашите купувачи да имаат поголем избор пред да започне суспензијата на 5ти април“, според Irene Kim, претставник на SK Telecom.

Извор: GSM.mk