
Денес официјално беше прогласена продажбата на компанијата Viber Media, сопственик на најпопуларниот сервис за VoIP -телефонија и инстант пораки Viber .
Купувачот е јапонскиот интернет – конгломерат Rakuten. Вредноста на договорот е 900 милиони американски долари.
Ве потсетуваме дека пред неколку дена изданието CNews соопшти дека Viber Media води преговори за продажба на својот бизнис, но името на можниот купувач сеуште не е познато. Тогаш Viber Media ги демантираше информациите.
Rakuten е еден од најголемите интернет – холдинзи во Јапонија . Во последните две години тие го купија канадската компанија за апликации за читање на електронски книги и производител на дигитални читачи на книги Kobo за $ 315 милиони шпанската видеоуслуга Wuaki.tv , како и сингапурската услуга за обезбедување на видеа на повик Viki. Rakuten е и еден од главните инвеститори во социјалната мрежа Pinterest , во која во мај 2012 година инвестира $ 100 милиони долари.
Rakuten има големи амбиции и Viber треба да стане една од алатките за нивно постигнување. Меѓу тие амбиции влегува и зголемувањето на постојната корисничка база на услуга од 225 милиони луѓе до над половина милион . ” Оваа инвестиција ќе им овозможи на Rakuten, која се стреми да стане провајдер на интернет услуги број еден во светот, да излезе на нови пазари”, се вели во официјалното соопштение на компанијата по повод овој договор.
Извор: Socialnet.mk