Немојте да пропуштите интересни вести само затоа што не ги набљудувате вистинските извори! Facebook сака да ви прикажува содржини преку Paper, новата апликација која е засега ексклузивна за iOS оперативниот систем…

paper_facebook

Апликацијата можете да ја гледаме на еден од два начини. Марк Цукенберг тврди дека ова е дел од неговата визија за Facebook, односно пренесување на интересни и забавни содржини до корисниците. Од друга страна пак, не може да се избегне фактот дека Paper претставува копија (барем како идеја) на Flipboard, апликација која е екстремно популарна помеѓу корисниците.

Принципот на функционирање е сличен, со тоа што Paper користи човечка проценка (од страна на Facebook тимот) и алгоритми за да ги одбере вестите кои ќе ги добивате. Апликацијата ќе биде лансирана на 3-ти февруари, еден ден пред 10-тиот роденден на Facebook.

Интересен е фактот што Paper претставува првата апликација од Facebook Creative Labs, иницијатива да се мотивираат мали тимови внатре во Facebook да прават сопствени мобилни апликации, идентично како да се нови старт-ап компании.

Очекувајте повеќе информации и рецензија на 3-ти февруари!

Извор: GSM.mk