Долго најавуваниот CES 2014 настан (07-10 Јануари) досега покажа навистина воодушевувачка технологија и иновативни и модерни производи од познатите светски технолошки гиганти.

Но, најголемиот од најновите хитови (барем кога станува збор за големината) кој ќе може да се види на овој настан е ултра масивниот 105-инчен Ultra HD TV од LG.

lg_tv

Овој енормен сет вклучува огромен заоблен екран со резолуција од 5120 x 2160 пиксели, хит кој LG го нарекува “5K”. Да, токму така, овој телевизиски сет има над 11 милиони пиксели!

Овој подем во технолошкиот свет означува само едно- LG ја започа војната на дисплејските резолуции и оттука нема назад, нема помало.

Феноменалниот телевизор на LG има инкорпорирано Harmon Kardon саунд систем, нудејќи и 7.2 surround звук, користејќи ги само звучниците кои се наоѓаат на самиот дисплеј.

Што мислите вие, го замислувате ли веќе во вашата дневна соба?

Извор: Socialnet.mk