Уште кога го видовме оригиналниот iPhone, ни изгледаше како да има едно огромно парче на кршливо стакло на предниот дел. Точно, пластичните екрани не изгледаат феноменално, но барем нема да се скршат уште во првата прилика…

iphone6_sapphire

Android уредите веќе користат Gorilla Glass стакло, кое демонстрира високи нивоа на издржливост. Наводно, Apple не е задоволен од сегашниот квалитет на стаклото на iPhone 5s, па затоа планира да вгради ново стакло направено од сафир во следниот iPhone.

Apple веќе го користи овој материјал за изработка на леќата на камерата и TouchID копчето на iPhone, но за производство на големи количини на сафир за целиот екран ќе бидат потребни нови техники и патенти.

Веќе подолго време се шпекулира дека Apple експериментира со стакло од сафир, но засега нема ништо поконкретно од страна на компанијата. Сафирот е вториот најиздржлив материјал на светот (по дијамантот) и е дури поефтин и полесен за производство доколку биде имплементирана нова технологија на производство.

Извор: GSM.mk