
iPhone 5S е стар само неколку месеци, но гласините за следната генерација веќе се појавуваат. Новите информации велат дека iPhone 6 ќе биде тенок само шест милиметри.
Колку за споредба, актуелниот модел е тенок 7,6 милиметри со што е меѓу најтенките телефони на пазарот. Некои шпекулации велат дека новиот смартфон на Apple ќе биде познат како iPhone air, но сепак е прерано за претпоставки за името, пишува Bussines insider.
Во прилог на информациите за тенкиот дизајн оди и податокот дека iPhone 6 ќе има исклучително тенок екран што ќе остави простор за внатрешните компоненти.
Аналитичарите додаваат дека новата генерација на iPhone ќе има екран од речиси 5-инчи.