
Како што сите знаеме, Apple се гордее со дебелината (би рекле „тенкоста“) на сите свои уреди. Секако, новиот iPhone нема да биде исклучок од ова…
Според Sonny Dickson, новиот iPhone модел (кој ќе ја носи ознаката iPhone 6 или пак iPhone Air) ќе биде потенок за 0,22 инчи од претходникот, со што куќиштето ќе има дебелина од само 5,58 инчи. Со тоа, новиот iPhone 6 би бил еден од најтенките уреди на пазарот.
Освен тоа, популарниот австралиски тинејџер вели дека освен зголемувањето на екранот, Apple исто така ќе ја зголеми значително и резолуцијата на самиот телефон. iPhone 6 би имал густина на пиксели од 389 ppi, што е значително повеќе од iPhone 5s, кој има густина на пиксели од 326 ppi. Доколку екранот би имал големина од 4,7 инчи, тоа значи дека ќе добиеме резолуција блиска на 1920 x 1080 пиксели, односно сличен квалитет на екранот како кај новиот Galaxy S5.
Финално, Dickson вели дека новиот A8 процесор би можел да има 8 јадра кои би работеле на 2,6GHz, што е огромно подобрување во споредба со iPhone 5s и iPhone 5c.
Извор: GSM.mk