
Паметните очила Google Glass сеуште не се во продажба, но во некои Американски Држави веќе е забрането да се користат при возење.
Авторите на апликации за очилата сепак ни најмалку не се загрижени, пишува електронското издание 3DNews. Тие дури развиваат апликации за Google Glass, кои во некои случаи можат да го спасат животот на возачот.
Поради тоа неодамна на пазарот се појави апликација наречена DriveSafe која следи дали возачот не заспива додека вози. За да ја пробате DriveSafe, потребно е да ги стави очилата и да кажете ” очила, држете ме буден” (“OK Glass, keep me awake”).
Апликацијата користи акцелерометар и инфрацрвен сензор. Акцелерометарот ја следи позицијата на главата на возачот: ако неговата глава започне да паѓа, тогаш системот испушта звучен сигнал. Инфрацрвениот сензор пак го доловува трепкањето на очите – ако возачот не трепка долго време, постои можност да е заспал ” со отворени очи “.
Покрај тоа апликацијата може да се најде место за одмор на патот, користејüи ги податоците од GPS и Google Maps. За да се уклучи навигацијата DriveSafe треба да поднесе сигнал дека возачот заспива, а потоа возачот треба два пати да притисне на сензорите во рамката на очилата.
Извор: Socialnet.mk