
И додека сите трпеливо чекаат Samsung официјално да ги открие деталите во врска со новиот уред, веб страницата TalkAndroid ги собра сите гласини во врска со овој паметен телефон…
Иако Samsung не открива премногу детали во врска со нивниот најнов модел Galaxy S5, интернет мрежата е преполна со извори кои од ден во ден шпекулираат што сè новиот уред би можел да донесе со себе.
Досега имавме можност да чуеме дека Samsung Galaxy S5 би можело да поседува 2K QHD дисплеј и 64-битна архитектура како би се спротивставил на Apple и нивниот iPhone 5S, како и веб камера од 16 мегапиксела.
Погледнете го овој видео запис во кој се опфатени сите шпекулации кои се однесуваат на новата генерација на Samsung-овите премиум телефони: