Apple и Samsung имаат силна врска во полето на производството на компоненти, која е засенета само со судските процеси што ги водеа еден против друг…

iphone_samsung

Од една страна, Apple има потреба од Samsung како производител, а од друга страна компанијата од Јужна Кореја има потреба од таков голем клиент. Во повеќе наврати во изминатиот период се спомнува дека Аpple планира целосно да го повлече производството на процесори од Samsung, но новите информации велат дека компанијата сепак ќе работи на новата генерација. Разликата е што производството сега ќе се одвива паралелно со компанијата TSMC – Taiwan Semiconductor Manufacturing Company.

 

Секое претставување на нов уред на Apple вообичаено оди во пакет со нови процесори, а следен на ред е моделот A8. Информациите велат дека Samsung во моментот е во тест фаза на производството, а масовното производство би требало да стартува следниот квартал.

TSMC овој пат ќе понесе добар дел од работата и по нарачка на Apple, паралелно ќе ги произведува процесорите. Иако Apple најавуваше дека сака целосно да ја прекине соработката со Samsung, од погоните на таа компанија се уште ќе излегуваат процесори со логото со јаболко.

Извор: GSM.mk