Јужна Кореја ќе ни го представи неверојатно брзиот 5G мобилен интернет сервис, со чија помош ќе можеме цели филмови да ги симнуваме за помалку од една секунда.

5g-phone

Иако поголем дел од светот не ги искористи благодетите на 4G сервисот, технолошки напредната земја веќе го најави неговиот наследник вреден 1,5 милијарди долари. Министерството за наука на Јужна Кореја вели дека ќе ја примени оваа технологија, околу 1.000 пати побрза од 4G во рок од шест години.

5G ќе овозможи превземање на филмови за само една секунда, во споредба со 40-те секунди кај 4G мрежата. Според планот, пробниот 5G сервис ќе започне со работа во 2017 година, а полната комерцијална форма ќе започне со работа во декември 2020.

Извор: Think.mk