Вкупно 14 партии синоќа до полноќ доставија листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори што ќе се одржат на 27 април…

izbori

Листи за пратеници поднеле ВМРО – ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз, Демократската унија за интеграции (ДУИ), ВМРО-НП, Демократската партија на Албанците (ДПА), Националнатa демократска преродба (НДП), ГРОМ, Коалицијата „Достоинство за Македонија“, Алијанса за позитивна Македонија, Партијата за европска иднина, Народното движење за Македонија, ПДП и Партијата за економски промени 21 и СДПМ.

Во рокот од 48 часа ДИК ќе утврди дали листите се доставени како што налага Изборниот законик, по што партиите ќе треба да ги поправат евентуалните недостатоци.