
Светот во кој живееме изобилува со реални опасности – од економска криза до сообраќајни несреќи, но многу луѓе се плашат од работи што се релативно безопасни или што ретко или никогаш не се случуваат…
Страв дека во сон ќе проголтаме пајак
Не плашете се. Пајаците се вешти инсекти и водат сметка тоа да не се случи. Можно е додека спиеме пајакот да не полази по лицето, но тоа не е страшно.
Да останеме сами дома
Иако тинејџерите одвај чекаат нивните родители да заминат некаде и да прават разни лудости во нивно отсуство, сепак некои луѓе едноставно не можат да поднесат да останат сосем сами во својот дом, плашејќи се дека нешто лошо ќе им се случи. Ова е беспотребен и неоправдан страв, понекогаш треба да уживате во сопственото друштво.
Патување со автостоп
Неколку морничави злосторства и агресивна кампања ги разубеди младите Американци од најомилениот и секако најевтин начин на патување. Податоците покажуваат дека криминалните напади на автостоперите се многу ретки.
Бактериите се корисни за нашето здравје
Многу бактерии со кои сме опкружени и кои живеат во нас не се штетни, а некои се дури и корисни и неопходни за нашето здравје. Помалку од еден отсто од бактериите предизвикуваат болести, а опсесијата со хигиената може да биде штетна колку и нејзиното занемарување.
Страв од вакцини
Опасните компликации предизвикани од вакцините се јавуваат многу ретко, а цената на избегнувањето на вакцинацијата понекогаш чини и човечки живот. Далеку поголем е процентот на смртни случаи поради невакцинирање отколку смртни случаи предизвикани од компликации по примање вакцина.
Насилните видеоигри ја зголемуваат агресивноста
Видеоигрите ја зголемуваат агресивноста во периодот додека се играат, но и долго време потоа, но нема докази за тоа на кој начин се поврзани со насилството и криминалот во реалниот живот.
Страв од летање со авион
Авионскиот превоз е далеку побезбеден од патничкиот, а со натамошниот развој на аеронаутиката станува сѐ побезбеден.
Користење мобилен телефон на бензинска пумпа
Сигналот на мобилниот телефон нема да предизвика експлозија на бензинската пумпа. Тоа е само урбана легенда што од непознати причини сѐ уште е актуелна.
Самозапалување
Наспроти мистериозните приказни, оваа појава речиси не постои со сигурност. Во сите случаи на „спонтано самозапалување“, станувало збор за многу млади или многу стари луѓе што во моментот на инцидентот се наоѓале во близина на запаливи материи или во близина на оган.
Проголтување мастика за џвакање
Системот за варење може многу лесно да ја исфрли проголтаната мастика за џвакање, особено ако тоа ви се случува ретко.
Крцкањето на прстите може да предизвика артритис
Приказната дека крцкањето на прстите може да предизвика артритис е обичен мит. Крцкањето на зглобовите не е ни корисно ни штетно, но тој звук може да ја нервира вашата околина.
Напад на ајкули
Наспроти влијанието на режисерот Стивен Спилберг и филмот „Ајкула“ на нашата психа, нападите од ајкули врз луѓе се многу поретки отколку што се верува, а уште поретко се завршуваат со фатален исход. Луѓето почесто гинат од напад од опасно куче или, пак, во сообраќајни незгоди. Како информација, на секој час луѓето убиваат околу 11.417 ајкули.