Во продолжение ви откриваме 10 тајни кои жените треба да ги знаат за мажите…
1.Мажите зборуваат за своите чувства
– Иако мажите ги изразуваат своите чувства индиректно, потребно е да ги прашате, и ќе се изненадите од емотивната вредност на нивните искази.
2.Мажите велат ‘’Те сакам’’ преку акција.
– Некои мажи преферираат да ги изразат своите чувства преку извршување на некоја домашна работа, отколку да го кажат тоа. На пример, мажот ви вели дека ве сака преку поправање на некои работи во куќата, чистење на дворот, па дури и кога фрла ѓубре.
3.Мажите ја сфаќаат обврската сериозно.
– Мажите имаат репутација дека се плашат од обврски. Но, доказите покажуваат дека мажите ја сфаќаат обврската-брак многу посериозно отколку што се мислело.
4.Тој навистина ве слуша кога зборувате.
– Само затоа што мажот додека му зборувате не изустува ниту еден збор, не значи дека не ве слуша. Тој преферира да слуша и да размислува за она што го кажувате.
5.Заедничките активности ја зацврстуваат врската
– Мажите успеваат да ја зацврснат врската со тоа што практикуваат некои активности да ги прават заедно со својата партнерка.
6.На мажите им треба време да бидат сами.
– Освен што сакаат да делат активности со партнерката, на мажите исто така, им е потребно време да бидат сами, или со пријателите, и да ги прават нештата кои ги исполнуваат, како што се теретана, градинарство, голф и слично.
7.Мажите учат од нивните татковци.
– Ако сакате да знаете како ќе се однесува мажот во врската, запознајте го неговиот татко.
8.Мажите побрзо ги забораваат негативните работи во врската.
– Жените се оние кои подолго време ги паметат караниците во врската, за разлика од мажите, чија меморија за ваквите работи е пократка.
9.Мажите мислат многу на секс.
– Ова можеби и не е некоја тајна. Повеќето мажи под 60 мислат на секс најмалку еднаш дневно, споредено со само четвртина жени.
10.Тој сака кога вие ќе го повикате во кревет.
– Повеќето мажи сметаат дека тие треба да бидат иницијатори за секс. Но, тие исто така ја посакуваат обратната ситуација – кога жената ќе биде онаа која ќе ги повика во креветот.