На прво место беше посочено задолжителното снимање (аудио и визуелно)на целиот тек на практичниот испит, односно на двата дела – полигонско и градско возење…

mvr_se_snima

Во сите испитни центри за полагање на возачки испит отсега се воведува видео документирање на вежбите на полигон и градско возење на сите кандидати кои полагаат возачки испит, појасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, при својата денешна посета на Здружението на возачи во Велес, каде присуствуше на првите часови на практичните испити на полигонот, на првиот ден од примената на новините во Правилникот за полагање на возачки испит во Македонија.

Јанкулоска објасни дека тие се одлучиле на ваков чекор заради контрола на кандидатот и контрола на комисиите, а со цел доколку кандидатот не е задоволен од исходот на испитот, да може да ја провери снимката и да се види дали има отстапување во финалната оценка што му ја дала комисијата.

Министерката потенцираше дека снимањето е задолжително и дека со новиот правилник се воведени и нови построги вежби.

– Сето тоа е со цел да се потврди квалитетот на обуката, а во крајна линија тоа ќе влијае и на подобрување на општата безбедност на сообраќајот на патиштата во земјава – изјави Јанкулоска.