
Еве една ситуација во која бројките воопшто не им одговараат на жените. Нема да верувате колку некои дами, кои веќе се оствариле како мајки, можат да издржат без акција во креветот…
Истражувањето на порталот „Family Circle“ за сексот, во кое учествуваа 553 мајки на различна возраст, откри потполно неверојатни и шокантни резултати.
Се покажа дека 32% од мајките, кои имаат постојан партнер и барем едно дете, немале сексуални односи и по неколку години. Но, тука не е крајот на лошата статистика. Дури 36% од жените откриле дека од последниот секс поминале неколку месеци, 27% изјавиле дека се работи за неколку недели, а само 5% имале секс во последните неколку дена.
Стручњаците предупредуваат дека, иако жените се пренатрупани со обврски, што го отежнува уживањето во сексуалните активности, толкава пауза може да влиае лошо на односот со партнерот, но и на здравјето и расположението. Ова од неодамна го потврди и едно друго британско истражување, откривајќи дека сексот барем еднаш неделно е клучен за среќен брак.