
Скијачки центар ќе се гради на планината Голак во близина на Делчево на надморска височина од 1.400 метри…
Проектантското биро „Билд“ од Скопје потпиша тригодишен договор за изработка на основи проекти и техничка документација за изградба на скијачки патеки со МЕПСО.
Проектантското биро има рок од 12 месеци да ја подготви потребната проектна документацијана за локацијата, па после тоа треба да се донесе одлука на кој начин ќе се изгради самиот ски – центар.
Инаку планината Голак и ски-центарот кој треба да се изгради се наоѓаат на 12 километри од градот Делчево.
Ќе блесне ли повторно нашата планинска убавица, планината Голак и ќе заживее ли повторно детскиот џагор и туризмот, по најавата за изградба на овој интересн проект – изградбата на ски – центарот, останува да видиме .