Претседателот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски на денешната пресконференција ги претстави кандидатите кои ќе бидат носители на изборните единици на предвремените парламентарни избори за неговата партија.

20140326_121153

ВМРО Народна партија прва го објави мотото „ЕВРОПА СЕГА“ со кое ќе настапи пред гласачите, ставајќи акцент на разумноста и патриотизмот преточен во интегрирањето на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Носител во првата изборна едница ќе биде Слободан Близнаковски, поранешен градоначалник на општина Чаир и поранешен советник од ВМРО-НП во советот на град Скопје. За носител во втората изборна единица е Љупчо Балкоски, генерален секретар на партијата и поранешен министер за транспорт и врски.

Љубчо Георгиевски за првпат ќе биде носител во 3-ката, во која влегува и градот Делчево, од каде што потекнува претседателот на ВМРО Народна партија.

Носител во четвртата изборна единица ќе биде Ристо Пецев, правник од Струмица и член на ИК на партијата. Во петата изборна единица носител ќе биде Ванчо Костоски, актуелен претседател на општинскиот комитет во Охрид. За носител во шестата изборна единица ќе биде Горан Лотески, актуелен претседател на општинскиот комитет во Гостивар.

20140326_121114

20140326_121059

Извор: Aktuelno24.mk