
Познатата руска гимнастичарка Алина Кабајева би требало да го запали олимпискиот пламен на Зимската олимпијада во Сочи, според тврдењата на руската водителка и новинарка Ксенија Собчак…
Иако името на лицето кое ќе го запали пламенот обично е тајна до последниот момент, руската водителка тврди дека има сигурни извори дека 30-годишната Кабајева, за која се тврди дека е љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, ќе ги отвори 22. ЗОИ.
Кабајева е златна олимпијка од Аталната, бронзена од Сиднеј и портпаролка во Дума, за која се шпекулира дека му е љубовница на Путин веќе пет години, и дека му родила две деца -момче во 2008 година и девојче во 2012 година.
Телевизиската новинарка Ксенија Собчак на Твитер напиша дека бившата олимписка првенка која сега е дел од партијата на Путин, „Единствена Русија”, ќе биде црешата на тортата на церемонијата на стадионот „Фишт” во Сочи.
Минатата година, Путин се разведе од сопругата Људмила со која помина 30 години во брак.
Извор: Plusinfo.mk