
Поради нарушување на изгледот на градот и хаосот кој го предизвикуваат, во Париз е покрената петицијата „No love locks“ со која сакаат да ги отстранат сите 700.000 љубовни катанци…
Во почетокот љубовните катанци биле сместени на два моста „Понт дес Артес“ и „Понт де Ларчевече“, а сега се прошириле низ целиот град.
Поддржувачите на кампањата се жалат дека ова веќе нема смисла, бидејќи луѓето тоа веќе не го прават заради романтика, туку за да можат да се пофалат дека тоа го направил,е а притоа си ги ризикувале животите.
Кампањата е покрената во февруари, а досега биле насобрани 1.700 потписи. Љубовните катанци не се само во „Градот на љубовта“ туку се прошириле низ целиот свет, а ова не е првата кампања со која сакаат да ги отстранат.
Во Даблин во 2012 година биле отстранети сите катанци од мостот Хапени, а истото се обиделе да го направат и во Келн, но граѓаните не ја поддржале кампањата.
Извор: Plusinfo.mk