
Месец јануари можеби е најлошиот месец во годината за љубов- потврдило истражувањето на британската компанија Vouchercloud…
Во овој месец се распаѓаат најголем број на бракови и врски, а за се виновен е стресот, финансиските проблеми, депресивното време, притисокот на семејството и желбата за нов почеток.
И покрај стресот кој го следи првиот месец, поголем број на луѓе се снаоѓа многу добро а дури 58 проценти од нив веќе пронашла нова љубов.
-Празниците се стресно доба од годината и можат да предизвикаат стрес во врската. Во комбинација со јануарската депресија, тоа не е лесно да се поднесе па луѓето одлучуваат да ја направат полесната варијанта, односно прекин на врската. Јануар го гледаат како можност за нов почеток на годината, а нема подобар почеток на месецот од нова врска- истакнуваат од компанијата Vouchercloud.
Извор: Sky.mk