
Ако изедете само едно јаболко пред секој оброк можете да изгубите околу еден килограм неделно, утврдила американската нутриционистка Eми Флин…
Таа забележала дека нејзините пациенти кои пред оброкот јаделе по едно јаболко губеле на тежина без промени во навиките во исхраната.
По ова откритие Флин почнала да експериментира наговарајќи ги и останатите пациенти да го применат сличниот метод. Резултатите биле повеќе од очигледни: само едно јаболко пред секој оброк помага да се губи, во просек, еден килограм неделно!
Ова овошје е богато со влакна кои можат брзо да заситат, па е потребно малку храна за оброк, а јаболкото исто така ја намалува, а дури може и потполно да ја елиминира потребата за слатки.
Оброците се врз база на немасни протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук, бидејќи ваквата комбинација го намалува чувството за глад, а со самото тоа и тежината. Рафинираните шеќери се забранети, а се препорачуваат четири до пет помали оброци дневно. Во текот на диетата се препорачува и комбинација на лесен тренинг со тегови и кардио тренинг, трипати неделно, во траење од најмалку половина час.
Оваа диета не е комплицирана бидејќи нема броење на калории ниту мерење на продуктите. Единствено што може да попречи е обврската дека секој ден треба да изедете три јаболка, а слатките се, секако, забранети.
Извор: Plusinfo.mk