
Иако за многумина ѓумбирот е само повремен додаток на необичните јадења, оваа коренаста билка е корисна како за нашето здравје, така и за нашиот изглед. Ѓумбирот како лековито растение ги лекува грчевите, ги опушта воспалените мускули и ја негува оштетената кожа…
Сите благотворни својства на ѓумбирот можете да го искористите во следниве слуачи:За болни мускули. Етеричното масло од ѓумбир го грее телото, ја подобрува циркулацијата и дотекот на крвта, па затоа е одличен лек за болни и изморени мускули. Како најдобро да го искористите? Четири лажички свежо исечкан ѓумбир обвиткајте го со памучна вреќичка и ставете го во водата за купка. Додека уживате во релаксирачкиот третман, ѓумбирот ќе дејствува на болните и воспалени подрачја.
Ако имате болни грчеви во текот на менструалниот циклус, пробајте чај од ѓумбир. Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот кај болните грчеви е еднакво делотворен како и ибупрофенот. Две лажички свеж корен од ѓумбир оставете да отстои 15 минути во врела вода, а потоа процедете го. Засладете го чајот по вкус, со мед и лимон.
Ѓумбирот е одличен производ и за подмладување и осветлување на кожата. Пробајте го следниот рецепт: измешајте 100 г сол во зрно, една лажичка сок од лимон и една лажичка исечкан ѓумбир.
Смесата загрејте ја, но внимавајте да не биде претопла. Пилингот нанесете го на лицето, притоа масирајте ја нежно кожата и измијте ја. Ѓумбирот во оваа комбинација и дава здрав сјај на кожата, а витаминот Ц од лимонот ја затегнува и ја негува.
Ако страдате од мачнини во текот на патувањето, секогаш носете со себе чај од ѓумбир кој ќе го пиете во интервали. Тој е одлично средство против мачнини и повраќање.