
Дали некогаш сте размислувале за секс кој би траел со часови? Ако одговорот на вашето прашање е „да“, тогаш сте на вистинското место бидејќи овојпат ви донесуваме некои одлични совети за маратонски секс…
ВНИМАТЕЛНО СО АЛКОХОЛОТ
Иако неколку алкохолни пијалаци можат да ве опуштат и расположат, премногу алкохол може да ја уништи вашата изведба поради повеќе причини. Една од причините е дека можете да се чувствувате сонливо, а сонливоста и маратонскиот секс не одат заедно.
ВЕЖБАЈТЕ САМОКОНТРОЛА
Во текот на маратонскиот секс е потребно да ја одржувате ерекцијата и да не ја завршите работата прерано. Одредени пози можат да помогнат – промената на позата во текот на сексот може да помогне. Потребно е многу време и пракса за да се совладаат техниките на самоконтрола, но се исплатува.
ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА НЕЈЗИНОТО ЗАДОВОЛСТВО
Секако, ако во текот на маратонскиот секс не издржете и дојдете до кулминација и пред да го посакате тоа, тоа не значи дека сексот мора да заврши. Можете да и се посветите на партнерката и нејзиното уживање, а за тоа време можете да закрепнете и да бидете подготвени за уште конкретни акции.
КОРИСТЕТЕ РЕКВИЗИТИ
Не мора цело време да се посветувате на пенетрацијата. Не е сè во тоа, обидете се со некои играчки за секс. Експериментирајте, не се задржувајте само на она што веќе сте го испробале, има толку многу работи што веројатно би ви донеле уживање, само треба да се одлучите.
ЛУБРИКАНТ, ЛУБРИКАНТ!
Последно, но не и најмалку важно – лубрикант. Во текот на маратонскиот секс сувоста може да биде проблем, но тој проблем лесно може да се реши со лубрикант.
Извор: Plusinfo.mk