Јаболкото ја има титулата за најздраво овошје, а спанаќот најздрав зеленчук. Во споредба со нив целерот е многу запоставен, иако е одличен за здравјето на луѓето…

Woman biting end of celery stalk

Доколку имате воспаление на белите дробови, астма или акни треба да се јаде повеќе целер, кој помага за лекување на воспалителниот процес.

Ова растение е богато со магнезиум и етерични масла, кои помагаат за смирување на нервниот систем. Целерот има многу минерали кои ги намалуваат киселините во желудникот. Високиот процент на вода, кој се содржи во овој зеленчук, помага при варењето на храната. Солта во целерот е органска, природна и неопходна за вашето здравје.

Едно парче целер содржи до 10 отсто од дневните потреби на телото за витаминот А, кој е одличен за добар вид. Состојката на билката, која ѝ дава специфичен вкус, помага за контролирање на лошиот холестерол, а научно е докажано и дека го намалува крвниот притисок.

Повеќе истражувања покажале дека целерот го спречува порастот на малигните клетки, посебно кај ракот на панкреас и на дојка.

Извор: Plusinfo.mk