На популарната интернет платформа Редит која има огромен број корисници од целиот свет , на работниците од рестораните за брза храна им било пставено многу важно прашање…

FAst food- Milkshake

– Вработени во продажба за брза храна, што никогаш не треба да нарачуваме откај вас? – прашал еден корисник. Бизарно искрените одговори ги згрозиле луѓето.Корисникот со прекар Енвиромет одговорил за брзо време.

– Работам во Мекдоналдс и мојата мисија е да не дозволам на моите драги луѓе некогаш да нарачаат нешто што излегува од „Мек Кафе“ апаратот. Од мое искуство знам дека ни вработените ни менаџерите не знаат да ги чистат апаратите.

Таа арома што ја чувствувате во кафет можеби е нечистотија.Друг корисник пак порачал да не се нарачува хот-дог на натпреварите.

– Работев на кисок за виршли на терен за бејзбол. Никогаш ништо не нарачувајте оттаму, но ако морате избегнувајте го хот-догот. Виршлите беа во ред кога ги отпакувавме, добри беа кога ги испрживме, а потоа ги натопивме во вода која не се менува со денови – искометирал друг корисник на Редит.

Некои пак порашале дека и пуканките кои се продаваат во кината се истотака опасни .

– Ако сте отишле во кино рано наутро никако не купувајте пуканки. Тоа се бајати пуканки од претходната вечер кои можеби малку се подгреани. Инаку она лепливото на подот во киносалите понекогаш отстојува преку ноќта, а кога ќе се изгаснат светлата и вие го гледате филмот и бубашвабите доаѓаат да се гостат – открил еден работник во кино.

На Редит стигнала препорака секогаш да се нарачуваат свежи порции на пилешките крокети „Мек нагетс“ во Мекдоналдс.

– Доколку некогаш нарачувате „Мек нагетс“, нагласете дека ги сакате свежи, инаку ќе ви послужат многу бајат оброк. Тие имаат мерач за време но често го ресетираат и наместо да направат нови пилешки крокети вам ви служат бајати додека не се продадат направените залихи – напишал еден корисник на социјалната мрежа , вработен во синџир ресторани за брза храна.

Кон неговиот коментар се придружил уште еден работник од рестораните за брза храна „Кентаки фрајед чикен“ кој искоментирал дека сендвичите од скара се грозни остатоци.

– Работев во „КФЦ“ 4 години. „Барбекју сендвичот“  се прави од пилешко месо, старо и со лош квалитет што не би го јаделе ниту животните. Тоа место го потопуваат во скараџиски сос и го греат додека добие некаков привлечен вкус на скара – открил работникот.На оваа листа на опасни продукти се нашле и милк-шејковите кои се продаваат на автоматите на бензинските пумпи.

– Во автоматите за пијалаци на бензинските пумпи има толку мувла што би ви го загрзозила вашето здравје –  сликовито објаснил корисник.Дури 50.000 луѓе ги споделиле овие информации, а тие се шират на интеренет со брзина на светлината и предупредуваат на опасноста која демне од брзата храна.

Извор: Plusinfo.mk