
Многу дами сигурно се запрашале што поминува низ главата на нивниот партнер по страстното водење љубов…
Списанието „Marie Claire“ неодамна објави текст за едно мало истражување, во текот на кое мажите зборувале за што размислуваат по сексот.
Еве какви грижи најчесто ги мачат оние мажи кои се во врска и кои ги сакаат своите партнерки.
Дали уживала? Кога некој маж е во подолга врска, многу повеќе се грижи за тоа како се покажал, отколку во ситуација кога е во прашање секс за една ноќ. Многумина после сексот се прашуваат дали нивната сакана навистина уживала, но главно не се осмелуваат тоа да го изговорат гласно.
Ги мачи дали партнерката глумела оргазам или не?
Понекогаш по сексот уште еднаш ја вртат целата акција во главата. Неретко завземаат негативен став и се прашуваат: „Дали се посрамотив?“, „Дали големината на мојот пенис е ок?“, „Зошто се насмевна во еден момент?“. Верувајте дека и мажите имаат проблем со недостиг на самодоверба.
Дали се чувствува почитувана?
Немал број на припадници на машкиот пол признаваат дека по сексот се обидуваат да бидат понежни кон партнерката, бидејќи им е важно како таа се чувствува. Јасно им е дека за жената е понижувачки кога мажот ќе ја заврши својата работа, ќе стане од креветот и си заминува.
Затоа, по сексот сакаат да смислат некоја активност, на пример, гледање телевизија, галење или разговорање.
Дали водиме љубов доволно често?
Постојат и оние кои никако не би сакале нивната партнерка да смета дека се опседнати со секс, но исто така не би сакале ниту таа да има впечаток дека тоа премногу често го прават.
Сè на сè, се надеваат дека партнерката сама ќе им каже дали е задоволна со нивниот сексуален живот.